logo
logo
logo

ВМФЛ – ЗАПАД: “Пиратите“ против Велазерими, “рибарите“ ја дочекуваат Дрита

Vecer | 13.03.2021

ВМФЛ – ЗАПАД: “Пиратите“ против Велазерими, “рибарите“ ја дочекуваат Дрита

FOTO: Ohridnews

Како на истокот, така и на западот. Денеска со мечевите од 19.коло стартува третиот круг во тековната сезона во ВМФЛ – ЗАПАД. Овде ќе се играат четири меча и тоа во секое коло до крајот, зошто Вардар Форино веќе не е во ова друштво.

Скопје, денеска во 15 часот на стадионот на Автокоманда, го дочекува тимот на Велазерими. Амбициите на “пиратите“ се победнички, како и пред секој друг натпревар. Скопје сака што побргу да ја “завери“ прволигашката “виза“.

Супер интересна ќе биде битката за второто место кое носи бараж за пласман во Првата лига. А дури три екипи речиси со идентични шанси ќе го “бркаат“ тоа второ место. Тоа се екипите на Велешта (34 бода), Гостивар (33) и Охрид (32). Велешта денеска дома игра со Кадино, Гостивар во полошкото дерби се среќава со Тетекс а Охрид покрај езерото го дочекува тимот на Дрита.

ДВОЈКИ ЗА 19.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

СКОПЈЕ – ВЕЛАЗЕРИМИ

ВЕЛЕШТА – КАДИНО

ГОСТИВАР – ТЕТЕКС

ОХРИД – ДРИТА

КОРАБИ (слободен)

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 41

2.ВЕЛЕШТА 34

3.ГОСТИВАР 33

4.ОХРИД 32

5.КОРАБИ 25

6.ВЕЛАЗЕРИМИ 23

7.КАДИНО 19

8.ТЕТЕКС 15

9.ДРИТА 13


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk