И во ВМФЛ – ЗАПАД денеска на програмата е цело 21.коло. Се играат четири меча, а Гостивар е слободен по исфрлањето на Вардар (Ф) од Лигата. Се очекува интересно да биде во Охрид, каде истоимениот состав ќе го дочека Кораби. Тоа е воедно и соседско дерби.

Лидерот, тимот на Скопје на свој терен го пречекува Тетекс. Во секој случај интересен меч во кој секако дека “пиратите“ се фаворити. Во Кичево се среќаваат Велазерими и Кадино, а во Струга играат Велешта и Дрита.

ФОТО: Охридњус

 

ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА 15 Ч

ВЕЛАЗЕРИМИ – КАДИНО

СКОПЈЕ – ТЕТЕКС

ВЕЛЕШТА – ДРИТА

ОХРИД – КОРАБИ

ГОСТИВАР (слободен)

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 45

2.ВЕЛЕШТА 37

3.ГОСТИВАР 37

4.ОХРИД 35

5.КОРАБИ 26

6.ВЕЛАЗЕРИМИ 24

7.КАДИНО 20

8.ТЕТЕКС 18

9.ДРИТА 14

sportmedia.mk