logo
logo
logo

ВМФЛ – ЗАПАД: Охрид мора да го победи Кадино ако сака да игра бараж за Прва лига!

Vecer | 08.05.2021

ВМФЛ – ЗАПАД: Охрид мора да го победи Кадино ако сака да игра бараж за Прва лига!

 

Попладнево се играат натпреварите од 26.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Секако дека најинтересно и во ова коло ќе биде да се види што ќе сторат аспирантите за второто место на табелата, место кое води во баражот за ПМФЛ. Охрид во пресрет на последните две кола има најмногу шанси, сам си ја “крои“ судбината. Треба денеска да го победи Кадино на свој терен, а потоа во последното коло да слави и против Тетекс на негов терен, против тимот кој математички веќе го обезбеди опстанокот. Сега Тетекс останува само да се надева дека нема дури три екипи да испаднат од ПМФЛ а кои гравитираат кон западот. На пример Вардар, Ренова и Силекс, само така Тетекс следната сезона ќе игра во понизок ранг.

Велешта игра против Велазерими и се надева на кикс на Охрид, исто такви надежи има и Гостивар кој има еден бод помалку од Охрид и Велазерими. Инаку гостиварци денеска играат против Скопје, првакот во оваа конкуренција и тимот кој следната сезона ќе игра во ПМФЛ.

Тетекс игра со Кораби во Дебар, има три бода повеќе од Дрита, има и подобар меѓусебен скор, а  тимот од Боговиње денеска е слободен. Познато е дека уште е одамна Вардар Форино е исфрлен од лигата со оглед на тоа дека не настапи на два меча сезонава.

 

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА 16 Ч

ВЕЛЕШТА – ВЕЛАЗЕРИМИ

ГОСТИВАР – СКОПЈЕ

ОХРИД – КАДИНО

КОРАБИ – ТЕТЕКС

ДРИТА (СЛОБОДНА)

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 54

2.ОХРИД 43

3.ВЕЛЕШТА 43

4.ГОСТИВАР 42

5.КОРАБИ 30

6.КАДИНО 27

7.ВЕЛАЗЕРИМИ 27

8.ТЕТЕКС 24

9.ДРИТА 21


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk