logo
logo
logo

ВМФЛ – ЗАПАД: Да се биде или не за Охрид, “пиратите“ гостуваат во Боговиње

Vecer | 10.04.2021

ВМФЛ – ЗАПАД: Да се биде или не за Охрид, “пиратите“ гостуваат во Боговиње

ФОТО: ohridnews

Интересни четири средби не очекуваат денеска од 13 часот во 22.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Секако дека најинтересно ќе биде во Охрид, каде истоимениот тим ќе ги одмери силите со Велазерими. Ова за охриѓани веројатно е меч да се биде или не. Во случај на победа тие и натаму ќе бидат во трка за тоа второ место и пласман во баражот за пласман во ПМФЛ, посебно ако се знае дека Велешта е слободна.

Во спротивно Охрид може уште денеска да се прости од тие амбиции. Секако дека не смееме да заборавиме ниту на Гостивар, кој денеска ќе му гостува на Кораби на стадионот покрај Дебарското езеро. Во градот под Шара, домашниот Тетекс ќе “брка“ бодови против Кадино, додека лидерот, тимот на Скопје, според квалитетот и според формата и местата на табелата, не би требало да има проблем да го освои целиот плен на гостувањето во Боговиње, кај составот на Дрита.

ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ОХРИД – ВЕЛАЗЕРИМИ

КОРАБИ – ГОСТИВАР

ДРИТА – СКОПЈЕ

ТЕТЕКС – КАДИНО

ВЕЛЕШТА (слободна)

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 48

2.ВЕЛЕШТА 40

3.ГОСТИВАР 37

4.ОХРИД 36

5.КОРАБИ 27

6.ВЕЛАЗЕРИМИ 25

7.КАДИНО 21

8.ТЕТЕКС 18

9.ДРИТА 14


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk