Високи и убедливи победи на фаворитите во 21.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Имено Тиквеш си ефектни 4:1 славеше против Плачковица. Спахиу, двапати Темелков и Костовски стрелаа за кавадарчани а Јошевски беше стрелец на голот за гостите.
Брегалница пак одигра уште еден добар натпревар и успеа да ја совлада Победа, некогашниот гигант во мак – фудбалот со 3:1. Стрелаа Мартин Стојанов еднаш и Дарко Додев двапати, се беше решено во првиот дел. Во продолжение од средбата “сините“ само рутнирано ја завршија својата работа.
Победа на домашните и во Пехчево, екипата на Кит Го со 2:1 освои три бода против Росоман. Мичковски и Борха беа стрелци за пехчевци.
Саса со 1:0 ја победи Слога Виница, победничкиот гол беше дело на Дуков, и во последната средба ова попладнев Осогово со гол во финишот на мечот успеа да го победи домашниот Кожуф, погодокот беше дело на Благој Истатов.
РЕЗУЛТАТИ – 21.КОЛО
САСА – СЛОГА (В) 1:0
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 3:1
ТИКВЕШ – ПЛАЧКОВИЦА 4:1
КИТ ГО – РОСОМАН 2:1
КОЖУФ – ОСОГОВО 0:1
ТАБЕЛА
1.БРЕГАЛНИЦА 55
2.ТИКВЕШ 48
3.КИТ ГО 35
4.КОЖУФ 32
5.ОСОГОВО 29
6.САСА 28
7.СЛОГА (В) 22
8.ПОБЕДА 16
9.ПЛАЧКОВИЦА 11
10.РОСОМАН 8
The post ВМФЛ-ИСТОК: Убедлив Тиквеш, убедлива Брегалница…. appeared first on Sportmedia.mk.
sportmedia.mk