logo
logo
logo

ВМФЛ – ИСТОК: Кит Го прв го предизвикува новиот прволигаш Брегалница!

Vecer | 08.05.2021

ВМФЛ – ИСТОК: Кит Го прв го предизвикува новиот прволигаш Брегалница!

 

Од денеска мечевите во мак – фудбалот се играат во “летни“ термини од 16 часот. Со олабавување на анти-ковид мерките, сега ќе може да се следи попладневе мак – фудбал. Барем на ТВ стримови, ако се знае дека и натаму фановите не смеат да присуствуваат на стадионите.

Денеска се играат сите пет меча од 26.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Секако дека најинтересно ќе биде во Штип, каде Кит Го како “домаќин“ ќе го предизвика новиот прволигаш, тимот на Брегалница. Ова ќе биде и меч за престиж за пехчевци кои оваа сезона играа одлично  и ќе ја завршат како трети, веднаш за Брегалница и Тиквеш, што секако дека е голем успех.

Инаку Брегалница има цел сезонава да ја зварши без пораз, во секоја случај ќе се игра отворено, на гол повеќе на стадионот под Исарот.

Тиквеш одамна се подготвува за баражот во ПМФЛ, и тоа откако стана јасно дека нема шанси во битката за првото место против Брегалница. Кавадарчни и денешниот меч со Саса ќе го сметаат само како контрола за тоа што следува.

Кожуф дома ја дочекува Саса, а Росоман пак составт на Плачковица. Ова се двете екипи кои наредната сезона ќе се натпреваруваат во Третата лига. Интересно ќе биде во Кочани, каде Осогого се среќава со Победа.

 

ДВОЈКИ ЗА 26 КОЛО – ДЕНЕСКА 16 Ч

ТИКВЕШ – САСА

КИТ ГО – БРЕГАЛНИЦА

КОЖУФ – СЛОГА (В)

ОСОГОВО – ПОБЕДА

РОСОМАН – ПЛАЧКОВИЦА

 

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 67

2.ТИКВЕШ 58

3.КИТ ГО 42

4.КОЖУФ 35

5.САСА 32

6.СЛОГА (В) 30

7.ОСОГОВО 29

8.ПОБЕДА 23

9.ПЛАЧКОВИЦА 15

10.РОСОМАН 9


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk