logo
logo
logo

ВМФЛ – ИСТОК: Брегалница во Кочани става “печат“ на пласманот во Првата лига!

Vecer | 24.04.2021

ВМФЛ – ИСТОК: Брегалница во Кочани става “печат“ на пласманот во Првата лига!

Рано попладнево од 13 часот на програмата се сите пет меча од 24.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Секако дека најинтересно ќе биде во Кочани каде Осогово ја дочекува Брегалница. Нема дилеми дека штипските „сини“ ќе одат на победа, едноставно четата на стратегот Марјан Секуловски сака со стил да го завршат прценсвото. И не само без пораз да зваршат, туку што побргу да стават „печат“ на првото место во оваа конкуренција и враќање во елитата.

Па така на четири кола до крајот Брегалница има +9 бодови во однос на Тиквеш. И ако денеска победи, а Тиквеш во Кожув не ги освои трите бода, тогаш и официјално во градот под Исарот може да се слави враќањето во елитата. “Сините“ и со бод би можеле да го “заверат“ пласманот во ПМФЛ, но тогаш Тиквеш ќе мора да загуби во Гевгелија.

Во случај на девет бода предност во пресрет на трите кола Брегалница математички не може да биде прва зошто во досегашните два меча со Тиквеш беше нерешено, а во последното коло се игра во Штип. Значи нема подобар биланс во меѓусебните мечеви со кавадарчани, затоа мора да има предност од 10 бодови по ова денешно 24 коло, за да биде навистина се готово.

Рековме веќе, Тиквеш му гостува на Кожуф, а Кит Го очекува нови бодови на денешниот меч против Саса. Слога (В) му гостува на Росоман, а Победа на Плачковица.

ДВОЈКИ ЗА 24.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

КИТ ГО – САСА

КОЖУФ – ТИКВЕШ

ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА

РОСОМАН – СЛОГА (В)

ПЛАЧКОВИЦА – ПОБЕДА

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 61

2.ТИКВЕШ 52

3.КИТ ГО 41

4.КОЖУФ 35

5.САСА 31

6.ОСОГОВО 29

7.СЛОГА (В) 24

8.ПОБЕДА 17

9.ПЛАЧКОВИЦА 12

10.РОСОМАН 9


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk