logo
logo
logo

ВМФЛ – ИСТОК: Брегалница на “менито“ ја има Победа, дербито во Виница

Vecer | 27.02.2021

ВМФЛ – ИСТОК: Брегалница на “менито“ ја има Победа, дербито во Виница

Заврши зимската пауза за второлигашите. Денеска со мечевите од 17.коло тие го стартуваат пролетниот дел. На истокот Брегалница “влегува“ со предност од седум бодови во однос на Тиквеш, и секако дека е главниот фаворит за зачувување на првото место кое води во елитата.

Прв ривал на “сините“ е Победа, некогаш овие мечеви во ПМФЛ беа дерби, а сега не се тоа ни во втората. За тоа виновни се прилепчани кои веќе втора сезона по ред никако не успеваат да се вратат во “кремот“ на мак – фудбалот. Но тоа е нивна работа. Факт е дека Брегалница е фаворит, но штипјани немаат намера да се опуштат.

Дербито се игра во Виница, каде Слога ја дочекува екипата на Кит Го, екипи кои негуваат офанзивен фудбал. Тиквеш по долга, долга пауза игра дома, а денеска во Кавадарци доаѓа Росоман. Осогово на свој терен го дочекува составот на Каменица Саса а во Гевгелија се среќаваат Кожуф и Плачковица.

ДВОЈКИ ЗА 17.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

СЛОГА (В) – КИТ ГО

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА

ТИКВЕШ – РОСОМАН

ОСОГОВО – КАМЕНИЦА САСА

КОЖУФ – ПЛАЧКОВИЦА

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 42

2.ТИКВЕШ 35

3.КОЖУФ 25

4.КИТ ГО 22

5.КАМЕНИЦА САСА 20

6.СЛОГА (В) 20

7.ОСОГОВО 19

8.ПОБЕДА 14

9.ПЛАЧКОВИЦА (-1) 10

10.РОСОМАН 8


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk