logo
logo
logo

ВМФЛ – ИСТОК: Брегалница како казнена експедиција, триумф и на Кит Го, реми во Виница...

Vecer | 17.04.2021

ВМФЛ – ИСТОК: Брегалница како казнена експедиција, триумф и на Кит Го, реми во Виница...

Брегалница – Росоман 5:1. Ова е епилогот на мечот одигран попладнево во Кочани, со кој „сините“ се уште поблиску до елитата. Ова беше меч од 23.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Брегалница како и што се очекуваше, успеа високо и убедливо да слави над “фенерџијата“. Стрелци на головите беа Наумоски два, Муарем, Мартин Стојанов, за да последниот беше дело на Кудијан. Голот за гостите беше дело на Дуков.

Во Пехчево домашниот состав на Кит Го со 1:0 освои три бода во битката за третото место против Кожуф. Голот беше дело на Рунтев во 26.минута. Саса со 2:1 ја победи Победа и тоа со головите на Дуков и Димоски, додека за гостите стрелаше Кисески.

Во Виница, мечот меѓу Слога и Плачковица заврши со резултат 1:1.

И на крајот Тиквеш со 3:0 го совлада Осогово и ја оправда улога на голем фаворит. Христов беше стрелец на два гола, а еден даде и Стефан Костов.

РЕЗУЛТАТИ – 23.КОЛО

САСА – ПОБЕДА 2:1

СЛОГА (В) – ПЛАЧКОВИЦА 1:1

БРЕГАЛНИЦА – РОСОМАН 5:1

ТИКВЕШ – ОСОГОВО 3:0

КИТ ГО – КОЖУФ 1:0

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 61

2.ТИКВЕШ 52

3.КИТ ГО 41

4.КОЖУФ 35

5.САСА 31

6.ОСОГОВО 29

7.СЛОГА (В) 24

8.ПОБЕДА 17

9.ПЛАЧКОВИЦА 12

10.РОСОМАН 9


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk