logo
logo
logo

ВМФЛ: Брегалница по трите бода во Виница, „пиратите“ гостуваат во Кадино

Vecer | 20.03.2021

ВМФЛ: Брегалница по трите бода во Виница, „пиратите“ гостуваат во Кадино

Со оглед на тоа дека мечевите од ПМФЛ се преместени за денеска, редовното 20.коло во двете конкуренции во ВМФЛ се игра утре. Сепак најдобрите, лидерите на Истокот и Западот своите мечеви ќе ги играат денеска, со почеток од 15 часот.

Брегалница по она реми дома со Саса минатата сабота, денеска гостува во Слога Виница. Секако дека момците на стратегот Марјан Секуловски ќе бараат рехабилитација.

Премногу ќе биде два меча по ред, за една екипа каква што е Брегалница, да не победи во оваа конкуренција.

Од друга страна виничани знаат и тоа како да ги замрсат сметките на екипите кои ќе гио потценат. Затоа штипските „сини“ ќе мора максимално одговорно да му пријдат на овој меч ако сакаат три бода, а секако дека сакаат, тука нема дилеми.

Скопје, лидерот на Западот пак му гостува на Кадино. Тим кој исто така не смее да се потцени, но и тим над кој што Скопје не би требало да има поголеми проблеми, да слави триумф.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk