logo
logo
logo

Влахо: Воодушевен сум од младите на сили на Работнички!

Vecer | 11.05.2021

Влахо: Воодушевен сум од младите на сили на Работнички!

Работнички во рамките на 32.коло, дома на свој терен во неделата успеа со 3:1 да го победи Силекс. И не само што момците на тренерот Александар Влахо победија, туку одиграа навистина квалитетно, направија целосен пресврт, имено од 0:1 дојдоа до 3:1.

Токму затоа и самиот Влахо е задоволен од настапот на екипата, а посебно тоа што младите сили на Работнички беа предводници на таа победа.

Тој не криеше дека е воодушевен токму од младите…

По голот што го примивме покажавме карактер. Брзо се вративме и израмнивме, притоа имавме и повеќе шанси. Во вториот дел постигнавме уште два гола и заслужено победивме. Посебно сум среќен што на овој меч играа дури петтмина играчи до 21.година во нашиот тим. Сите беа одлични, тие се светла иднина за клубот. Би ги потенцирал Марио Станковски и Методи Максимов, но и сите останати. Јас сум воодушевен од младите сили на Работнички, тоа не го кријам. Сите тие треба да бидат носители на играта на Работнички во следната сезона. Сега ни преостанува максимално одговорно да го одиграме и последниот натпревар сезонава, со Ренова на гости во Тетово. И на тој меч ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме“ изјави тренерот на Работнички.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk