logo
logo
logo

Влахо: Во Струга одиме без многу играчи но со тимска игра ќе оствариме поволен резултат

Vecer | 12.04.2021

Влахо: Во Струга одиме без многу играчи но со тимска игра ќе оствариме поволен резултат

Тимот на Работнички изминатиот викенд оствари значајна победа на домешн терен против тимот на Пелистер.

Иако екипата не беше комплетна, сепак, оние кои заиграа беа на висина на задачата и го остварија посакуваниот резултат.

„Задоволен сум од изданието против Пелистер и победата. Конечно прикажавме квалитетна игра и на домашен терен оваа сезона. Сите честитки одат за главните актери, фудбалерите. Морам да го истакнам Марио Станковски, кој го одигра најдобриот натпревар во последно време, постигна гол, создаде неколку стопроцентни шанси и максимални ја искористи дадената шанса. Исто така и голманот Ристе Јанков кој двапати одбрани пенал. Секако, и сите останати затоа што фудбалот е тимска игра. На крајот и мала забелешка за малото опуштање во финишот кога по водството од 3-0 дозволивме Пелистер да даде гол. Но, тој меч е веќе зад нас, а ние сме фокусирани на претстојното гостување во Струга“, вели Александар Влахо.

Сега на ред за Работнички е едно од најтешките гостувања во домашниот шампионат. Она во Струга против Трим Љум. таму никој не се наигра сезонава, едноставно тоа е тежок терен за секој гостин.

Дефинитивно без Силјановски и Лука Станковски

„Ќе недостигаат неколку фудбалери, капитенот Горан Силјановски и Лука Станковски поради пет жолти картони, како и повредените Стојкоски, Лазаров, Пецов, Петковски…Но, тимски ќе се бориме за да оствариме позитивен резултат во Струга. Тоа нема да биде воопшто лесно, затоа што Струга Трим Лум е одличен тим и посебно добро игра на својот стадион. Но, јасно е дека следува разврската за третото место и ќе се обидеме да бидеме најдобри што знаеме и умееме“, порачува Александар Влахо.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk