logo
logo
logo

Висла Плоцк со комплименти за Металург

Vecer | 15.02.2021

Висла Плоцк со комплименти за Металург

Од Плоцк, Марија Ковачева

Металург, очекувано беше убедливо совладан од Висла Плоцк so 38-19 во првиот од двата дуели во рамките на Европската лига. Тимот од Автокоманда и покрај бројните проблеми со повреди и со коронавирус одлучи да допатува во Полска и да ги одигра двете средби. Во составот го нема најдобриот ракометар, Златко Хорват, Марко Тарабокиа, Мице Шилегов, Милан Лазаревски и Тео Тодевски.

По мечот во Висла не штедеа зборови, испратија комплименти за храброста и борбеноста на теренот.

„Сакам да искажам респект. Покрај се, дојдовте со млад тим овде, се боревте до крај. Тоа е најважно, ви честитам“, изјави францускиот пивот Жереми Тото во своето обраќање на прес конференцијата.

Втората средба меѓу Металург и Висла се игра утре со почеток во 18:45 часот, во составот ќе нема Велко Маркоски, кој се повреди, додека пак се очекува дебито на Василие Калуѓеровиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk