logo
logo
logo

Вимблдон со силна порака до Ѓоковиќ (ФОТО)

Vecer | 25.06.2022

Вимблдон со силна порака до Ѓоковиќ (ФОТО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за стартот на Вимблдон, а прв противник ќе му биде Сонва Квон, додека во третото коло би можел да „налета“ на Миомир Кецмановиќ.

Она што дополнително треба да се истакне е дека во Лондон нема да има руски или белоруски тенисери, а со тоа и бодови за АТП листата.

Тоа, сепак, нема да го обесхрабри Новак Ѓоковиќ на патот кон нова титула, потенцијално седма на Вимблдон. Тој претходно „јадеше“ лондонска трева во 2011, 2014, 2015, 2018, 2019 и 2021 година.

Вимблдон во оваа прилика испрати силна порака до најдобриот српски тенисер.

– Шест, се стреми да станат седум – напишаа на официјалната веб-страница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk