logo
logo
logo

Вимблдон оваа година со најмалку 25% гледачи

Vecer | 27.04.2021

Вимблдон оваа година со најмалку 25% гледачи

Организаторите на Вимблдон денеска се појавија со серија информации во врска со организацијата на Грен Слем турнирот оваа година. Вимблдон е планиран да се одржи од 28 јуни до 11 јули.

Капацитетот за седење на трибините ќе биде најмалку 25% и ќе зависи од препораките на владата, како и од можното олеснување на ограничувањата по 21 јуни.

„Се надеваме дека 25% е минималниот процент што можеме да си го дозволиме. Што повеќе љубители на тенисот треба да присуствуваат на нашите натпревари. Финансиската страна на турнирот е исто така важна“, рече Сали Болтон, извршен директор на турнирот.

Вимблдон оваа година доби целосно осигурително покритие против пандемијата на коронавирусот. Сумата изнесува 207 милиони евра. Минатата година натпреварот не се одржа за првпат од 1945 година, а титулите последен пат во 2019-тата ги освоија Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk