Вилшир ќе го напушти Арсенал

" alt=

Џек Вилшир по завршувањето на сезоната ќе го напушти тимот на Арсенал. Раководството на тимот реши да ја заврши соработката со 26-годишниот фудбалер чија кариера ја обележаа повредите.

Вилшир веројатно од наредната сезона ќе биде играч на Евертон, кој е подготвен да му понуди неделна плата поголема од 90.000 фунти.

Инаку, Арсенал бил подготвен да го задржи Вилшир, но тој не сакал да се согласи платата да му биде намалена.

Вилшир член на Арсенал станал на деветгодишна возраст во 2001 година, а по 17 години и 189 одиграни натпревари за првиот тим реши да замине од Лондон.

Инаку покрај Евертон интерес за него покажуваат италијанските тимови Милан, Јувентус и Сампдорија, односно премиерлигашот Саутемптон.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари