logo
logo
logo

Викендов стартува третиот круг во ПМФЛ: Работнички – А. Пандев во сабота на ТВ Арена Спорт и МТВ!

Vecer | 09.03.2021

Викендов стартува третиот круг во ПМФЛ: Работнички – А. Пандев во сабота на ТВ Арена Спорт и МТВ!

Викендов во нашата ПМФЛ стартува третиот круг од тековната сезона. Ќе се играат сите шест мечеви од 23. коло, или прво од тој “Бергеров круг“. Како што е вообичаено, еден меч ќе се игра во сабота, а изборот падна на дуелот меѓу Работнички и А. Пандев. Овој натпревар, како и сите останати во недела, а тоа се Шкупи – Вардар, Шкендија – Пелистер, Македонија ЃП – Силекс, Струга ТЛ – Ренова и Борец – Беласица започнуваат од 15 часот.

Интересно е тоа што со овие екипи започна пролетниот дел по оној снег во Струмица кога Работнички победи. Сега “пандевци“ ќе имаат добра шанса да се одмаздат.

Но, Работнички покажа дека е во фантастична форма, и секако дека тоа ќе биде супер натпревар.

Исто така интересно е тоа што ова е петто пролетно коло, и во сите низ ТВ преноси го гледавме Работнички, малку во шега, ни стана и досаден.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk