Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски во овие моменти ја има полуфиналбата борба против Ин Кјо Дон од Јужна Кореја. Ова е шанса за нашиот таеквондист за пласман во финале и сигурен медал, а и можност да се закити со злато.

Во четвртфиналната пресметка беше подобар од Сајду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со 9:4. Претходно за пласман во четвртфиналето го совлада Рафаел Алба од Куба, кој е актуелен светски првак.

Во моментов на програмата е полуфиналната борба во женска конкуренција категорија +67 килограми, а потоа веднаш следува борбата на нашиот Дејан Георгиевски.

Борбата можете да ја следите на следниот ЛИНК.