logo
logo
logo

(ВИДЕО) Ибоден до смрт ММА борец-Брат му веднаш се осветил, го ЗАСТРЕЛАЛ УБИЕЦОТ

Vecer | 24.03.2021

(ВИДЕО) Ибоден до смрт ММА борец-Брат му веднаш се осветил, го ЗАСТРЕЛАЛ УБИЕЦОТ

Рускиот ММА борец Алан Хаџиев е избоден до смрт во бар во ресторан во Моздок, Северна Осетија, а неговиот брат го уби осомничениот напаѓач.

Инцидентот се случил во вторникот вечерта во ресторанот Вегас, каде 31-годишниот борец вечерал со својот брат.

Од засега непознати причини, започнала вербална расправија меѓу неколку посетители, која прераснала во тепачка. Хаџиев се обидел да ги раздели завојуваните луѓе.

View this post on Instagram

A post shared by IF FCF-MMA (@fcf_mma)

Во трагичен развој на мешаницата, борецот добил убодна рана во срцето откако еден од мажите го нападнал.

Хаџиев бил пренесен во болница, каде лекарите се обиделе да го спасат, но тој починал од раните.

Според непотврдени информации, по инцидентот, братот на борецот го нападнал осомничениот убиец, кој исто така починал од раните.

Истрагата е во тек и воената полиција е вклучена, бидејќи братот на Хаџиев е војник.

https://www.youtube.com/watch?v=A7GqwDtt2xk

Градоначалникот на Моздок, Олег Хабалов, ја потврди смртта на спортистот, изразувајќи разочарување од загубата.

„Тој беше голем човек. Зборував со него вчера … како може да се случи такво нешто? Мое сочувство до неговите пријатели и роднини. Можеше да направи многу други добри работи во неговиот живот”.

Хаџиев е двократен светски шампион во фул контакт борба, а беше учесник на боксерски натпревари со голи раце.

Неговата последна битка можете да ја видите на видеото по 21-та минута:

https://www.youtube.com/watch?v=ks6MVNxcuPI

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk