logo
logo
logo

Видал ја одбил понудата на Сампаоли да му се придружи во Марсеј

Vecer | 30.04.2021

Видал ја одбил понудата на Сампаоли да му се придружи во Марсеј

Играчот за врска на Интер, Артуро Видал, одбил да се пресели во Олимпик Марсеј.

Според италијански извори, поранешниот чилеански селектор Хорхе Сампаоли му понудил на играчот од средниот ред да му се придружи во Марсеј, но Видал ја одбил понудата. Видал му рекол на Сампаоли дека се чувствува добро во Интер и е во добри односи со тренерот Антонио Конте. Затоа, тој сака да одигра уште една сезона во Милано.

Чилеанскиот репрезентативец минатото лето им се приклучи на „нероаѕурите“ како слободен агент.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk