logo
logo
logo

ВЕСТБРУК ПОДОБАР ОД ДУРЕНТ, ЈОКИЌ ЈА „УРНА“ ЈУТА (ВИДЕО)

Vecer | 01.02.2021

ВЕСТБРУК ПОДОБАР ОД ДУРЕНТ, ЈОКИЌ ЈА „УРНА“ ЈУТА (ВИДЕО)

Расел Вестбрук го надигра својот некогашен соиграч Кевин Дурент, и го предводеше својот тим Вашингтон до победа над фаворитот Бруклин со 149:146.

Мечот меѓу двата тима го одбележа несекојдневна четврта четвртина во која се видоа ревија од дури 86 постигнати поени. Во текот на целиот меч водеа гостите, а во финишот Вестбрук и Бредли Бил ја превзедоа инцијативата и ги предводеа домашните до четвртата победа во сезоната.

https://www.youtube.com/watch?v=kQZOIjCaet4&feature=emb_title

Вестрбук на крајот дојде до 41 поен со 10 скоскови и две асистенции, а Бил имаше 37 поени. Дурент исто така постигна 37 коша.

Орландо е поразен од тимот на Торонто со 115:102. Домаќините поведоа во петвата четвртина, дојдоа до двоцифрена предност која ја сочуваа до крајот на мечот.

Минесота на свој терен ја годи битката со Кливленд со 109:105.

Минатата ноќ ја одбележа Никола Јокиќ кој имаше дури 47 поени и го повтори својот рекорд на кариерата. Неговиот тим Денвер славеше над Јута со 128:117.

РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Филаделфија 110:119

Торонто – Орландо 115:102

Вашингтон – Бруклин 149:146

Минесота – Кливленд 109:104

Денвер – Јута 128:117

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk