logo
logo
logo

Вестбрук испиша нова страница од НБА историјата, Голден Стејт најде „лек“ за Јута (ВИДЕО)

Vecer | 11.05.2021

Вестбрук испиша нова страница од НБА историјата, Голден Стејт најде „лек“ за Јута (ВИДЕО)

Синоќа во НБА лигата беше испишано ново поглавје во НБА лигата. Расел Вестбрук собори рекорд стар 47 години по бројот на „трипл-дабл“ учиноци, кој досега беше во сопственост на легендарниот Оскар Робертсон.

Во поразот на Вашингтон на гостувањето кај Атланта од 125-124, Вестбрук запиша 28 поени, 21 асистенција и 13 скока, што е негов 182. „трипл-дабл“ во кариерата.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Q3ZGFtuhbuo[/embed]

Голден Стејт успеа да го запре победничкиот поход на лидерот на Западот, Јута, која беше поразена на гостувањето кај „Вориорс“ со 119-116. Неверојатниот Стеф Кари со 36 поени ги предводеше домашните до голем триумт, додека кај гостите Кларксон и со 41 поен не успеа да ја задржи Јута на победничка патека.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=R1HmfIkU9ac[/embed]

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Вашингтон 125-124

Кливленд – Индијана 102-111

Мемфис – Њу Орлеанс 115-110

Сан Антонио – Милвоки 146-125

Голден Стејт – Јута 119-116

Портланд – Хјустон 140-129


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk