logo
logo
logo

Вестбрук го одигра најлудиот меч во кариерата, Лејкерси конечно победија (ВИДЕО)

Vecer | 04.05.2021

Вестбрук го одигра најлудиот меч во кариерата, Лејкерси конечно победија (ВИДЕО)

Расел Вестбрук ја одбележа вчерашната вечер во НБА-лигата. Во еден од најефикасните натпревари, Вашингтон ја совлада Индијана со 154-141, а Вестбрук постави нов личен рекорд.

Мечот го заврши со 14 поени, 21 скок и 24 асистенции. Ова е трет натпревар во НБА-лига во кој еден играч успеал да има 20 или повеќе асистенции и скокови. Претходно тоа го стори Вилт Чембрлен во сезоната 1967/68, а пред две години токму тоа го стори Вестбрук како член на Оклахома, имаше 20 поени, 21 асистенција и 20 скока.

Вестбрук по четврти пат во својата кариера една сезона ќе ја заврши со тропл-дабл просек, дури и на последните седум натпревари да не постигне ниту поен, скока или асистенција. Ова му успеало само на Оскар Робертсон во сезоната 1961/62.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=pTX8hh1nWt0[/embed]

За него ова е 178. трипл-дабл, додека Робертсон е недопрлив има 181.

ЛА Лејкерс стави крај на серијата од три порази во низа, откако го добија дуелот против Денвер (93-89). Актуелниот НБА првак беше без помошта на Леброн Џејмс, но затоа тука беше Ентони Дејвис, кој мечот го заврши со 25 поени, седум скока и една асистенција. На другата страна блескаше Никола Јокиќ. Но, овој пат српскиот репрезентативец со 32 поени, 9 скока и пет асистенции не успеа да му помогне на својот тим.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=lQd--Uno83Q[/embed]

Резултати: Детроит – Орландо 112-119, Вашингтон – Индијана 154-141, Њу Орлеанс – Голден стејт 108-123, Атланта – Портланд 123-114, Чикаго – Портланд 94-106, Мемфис – Њујорк 104-118, ЛА Лејкерс – Денвер 93-89, Јута – Сан Антонио 110-99.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk