logo
logo
logo

Вест Хем ги скроти „Волците“ и се искачи на четвртото место

Vecer | 05.04.2021

Вест Хем ги скроти „Волците“ и се искачи на четвртото место

Екипата на Вест Хем стигна до 15-тата победа сезонава и се искачи на четвртото место на табелата во Премиер лигата. „Чеканите“ вечерва ги однесоа трите бода од „Молину“ против Вулверхемптон затоа што славеа со 2:3. Инаку од 6-тата до 38. минута Вест Хем поведе со 0:3 со головите на Лингард, Форналс и Боувен.

За Лингар тоа е шестиот гол во осмиот меч за Вест Хем.

Пред крајот на првото полувреме Дендонкер намали, а во 68. минута Силва донесе 2:3, потоа домашните имаа доста време да спасат и бод меѓутоа не успеаа. Вулверхемптон го впиша 13-тиот пораз и е на позиција 14 на табелата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk