logo
logo
logo

Веспрем загуби здив во второто полувреме, Барса убедливо на врвот

Vecer | 09.02.2021

Веспрем загуби здив во второто полувреме, Барса убедливо на врвот

Барселона во само пет дена двапати го совлада Веспрем во дербито на колото во Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант на домашен терен славеше со 37-30(15-15) и се зацврсти на врвот на табелата во групата Б со 20 бода. Во составот на гостинскиот табор немаше неколку ракометари (Ненадиќ и Борозан), па токму затоа немаа доволно сили да го пратат ритамот на противникот.

Ракометарите на Барса поведоа со 3-1, имаа и плус четири (13-9), но спротивната страна унгарскиот тим со серијата од 4-0 израмни на 13-13, поведе и со 14-15, на одморот беше најреалното сценарио (15-15).

Избраниците на Давид Дејвис во вториот дел загубија здив, Барселона поведе со 22-18, па со 25-20. Унгарскиот тим остана без сили, домаќинот во 52. минута влезе со 32-26, на четири минути беше 34-27, Веспрем целосно се распадна.

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков беше стрелец на само еден гол. Прво име кај Барса беше Гомез со 10 погодоци, Де Варгас застана на 14 интервенции, исто колку и Коралес. Маркусен запиша осум гола во поразот на Веспрем.

ФОТО: ВЕСПРЕМ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk