logo
logo
logo

Веспрем конечно победи, Барса продолжува да доминира

Vecer | 11.02.2021

Веспрем конечно победи, Барса продолжува да доминира

Веспрем стави крај на серијата од три порази во низа. Очекувано, унгарскиот тим на гостувањето кај Целје славеше со 25-29 и ја запиша седмата победа сезонава со која останува на второто место на табелата во групата Б зад Барселона.

Домаќинот пружи отпор во првиот дел, до средината на првото полувреме беше изедначено (7-7). Веспрем со серија од 3-0, поведе со 7-10, на одморот беше 14-16. Во продолжение, ракометарите на Целје не успеаја да го задржат ритамот, Веспрем сигурно чекореше кон триумфот.

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков постигна два гола од пет обиди, сите во првото полувреме.

Барселона дојде до 11 победа во исто толку одиграни мечеви. ППД Загреб ја искористи опуштеноста на каталонскиот тим, имаше водство од два гола(5-3, 7-5). Барселона набрзина дојде на плус шест 10-16, на полувремето беше 18-21.

Во второто полувреме, ППД Загреб на двапати успеа да израмни, но шпанскиот тим притисна и лесно дојде до нова убедлива предност за мирен финиш и триумф од 33-37.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk