logo
logo
logo

Вердер го отпушти Кофелд и го назначи Томас Шаф да ги спаси од испаѓање

Vecer | 16.05.2021

Вердер го отпушти Кофелд и го назначи Томас Шаф да ги спаси од испаѓање

Во очај и страв да не испаднат од Бундес лигата, Вердер повлече сериозен чекор го отпушти тренерот Флоријан Кофелд и на негово место ја назначи клупската легенда Томас Шаф. Задачата за Шаф е јасна и многу непријатна, на едно коло до крајот да го спаси клубот од испаѓање.

Вердер врза серија од десет натпревари без победа и падна на 16-тата позиција на табелата која води во разигрувањето за опстанок. Сепак, Вердер може и директно да испадне затоа што тимот кој е зад нив, Келн има бод помалку. Но исто така „музикантите“ можат и да опстанат доколку во последното коло го победат Менхенгладбах и Арминија не го победи својот ривал. Арминија има бод повеќе од Вердер.

Шаф го предводеше Вердер од 1999 до 2013 година, а целата играчка кариера беше во овој клуб од 1978 до 1995 година и два пати ја освои Бундес лигата. Како тренер со Вердер триумфираше во Бундес лигата и го освои Купот во сезоната 2003/04.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk