Зимски преоден рок

Венгер најави чистка во Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Французинот Арсен Венгер, ќе се обиде во зимскиот преоден рок да се ослободи од дел од фудбалерите кои не му се потребни, со цел да го растовари буџетот за да може да им ја зголеми платата на најдобрите играчи во екипата

Прв на списокот за заминување се Тео Волкот, човекот кој има големи примања а не игра, бидејќи често страдаше од повреди.

Вест Хем и Евертон се подготвени да го ангажираат за истата плата која ја има во Арсенал, односно 110 000 фунти неделно.

Волкот има желба да настапи на СП во Русија доколку Англија се пласира и потребен му е клуб каде ќе има поголема минутажа.

Волкот е најзвучното, но не и единствено име од кое сака Венгер да се ослободи, со цел да ги зголеми примањата на Месут Озил и Алексис Санчез чии договори истекуваат престојното лето и веќе размислуваат да ги напупштат "топџиите" бидејќи се мета на неколку клубови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари