logo
logo
logo

Венгер: На СП во Катар ќе имаме автоматско одредување на офсајд ситуации

Vecer | 08.04.2021

Венгер: На СП во Катар ќе имаме автоматско одредување на офсајд ситуации

Прославениот француски тренер Арсен Венгер, кој е дел од ФИФА откако замина од тренерската работа во Арсенал, како член на телото за глобален фудбалски развој, објави дека од Светското првенство во Катар треба да се воведе автоматски систем за одредување офсајд

„Мислам дека автоматското одредување на офсајд позицијата ќе биде подготвено за СП 2022 во Катар. Тоа значи дека помошниот судија веднаш ќе добие сигнал што ќе му каже дали некоја позиција е офсајд, преку црвено светло на неговиот часовник”, изјави Венгер за „Тајмс” .

Тој посочи дека многу време се троши на ВАР за проверка на такви контроверзни ситуации.

„Во моментов, имаме ситуација кога играчите мора да чекаат напнато за да откријат дали биле во офсајд или не, а во просек чекаат 70 секунди. Многу е важно тоа да се промени, бидејќи многу прослави се прекинати поради маргинални ситуации”, истакна Венгер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk