logo
logo
logo

Велс победи и е лидер во нашата група

Vecer | 04.09.2025

Велс победи и е лидер во нашата група

Репрезентацијата на Велс триумфираше на гостувањето кај Казахстан во рамките од Мундијалските квалификации со минимални 0:1. Овие две репрезентации се дел од нашата група што значи дека и тоа како ни значи што се случува на овие дуели.

Ветеранот Кифер Мур погоди во првиот дел и го постигна единствениот гол на овој меч. Потоа ниту домаќинот, ниту гостите успеаа да реализираат и резултатот остана тој.

Со оваа победа Велс има 10 бода од пет меча и е лидер на табелата, додека Македонија сега е втора со осум бода од четири дуели.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk