logo
logo
logo

Вечните ривали на дело во битка за Суперкупот

Vecer | 25.09.2021

Вечните ривали на дело во битка за Суперкупот

По пауза од пет години одново се игра Суперкуп во Македонија, кој го носи името на „Драган Ваислов – Цевка“. Токму со ова натпреварување почнува и новата кошаркарска сезона, а вовед ќе и дадат најголемите градски ривали, МЗТ Скопје, кој ги освои двете титули и Работнички.

И двата тима ќе влезат со промени во составот, но актуелниот првак веќе најавува на првиот трофеј во новата сезона. Од Аеродром, кој има три Суперкуп трофеи не кријат дека нивната цел е да го победат тимот од „Градски парк“ и со голема самодоверба да влезат во одбраната на тронот.

Од друга страна, најтрофејниот кошаркарски колектив е во рацете на Тони Симиќ, како главен тренер и Диме Тасовски како помошник, тројката на некогашните членови на овој клуб ја затвара, Ѓорѓи Чековски како спортски директор.

Работнички имаше голем проблем, тешко и одеше на гореспоменатата тројка во преговорите, па токму затоа изјавите пред пресметката со градскиот ривал беа скромни, што пак е несвојствено кога станува збор за „црвено-белите“ и во најтешките времиња се одело по титулите и на победа.

МЗТ Скопје има три трофеи, додека Работнички два.

Дуелот е закажан со почеток во 19:30 часот со директен пренос на МРТ 3.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk