logo
logo
logo

Вчера го „растури“ Нагелсман, а го продолжи договорот како помошник на Борусија Д.

Vecer | 14.05.2021

Вчера го „растури“ Нагелсман, а го продолжи договорот како помошник на Борусија Д.

Веројатно од таборот на Борусија Дортмунд се каат на одлуката да го ангажираат Марко Розе за нов тренер, кога сегашниот Един Терзиќ „растура“ во Бундеслигата. Тој успеа да го однесе тимот во 1/4 финалето во ЛШ, беше на добар пат да обезбеди и полуфинале, но беше сопрен од Манчестер Сити.

Терзиќ вчера го „растури“ Јулијан Нагелсман, новиот тренер на Баерн Минхен победувајќи го со 4:1 во финалето на германскиот Куп. Дортмунд успеа да се закити со пехарот во финалето со Лајпциг.

Иако Терзиќ е баран од неколку буденслигаши за прв тренер, сепак, тој се согласил да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд, и тоа како помошник на Розе. Навистина со тоа Терзиќ ја покажа љубовта кон тимот, а којзнае, можеби и брзо ќе му биде дадена нова шанса како прв тренер на „милионерите“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk