logo
logo
logo

Важни три бода за опстанок, Прилеп ја зацврсти втората позиција!

Vecer | 08.05.2021

Важни три бода за опстанок, Прилеп ја зацврсти втората позиција!

Денеска се одиграа два меча во плеј-аут лигата. Прилеп и Тиквеш 2014 ја оправдаа фаворитската улога и дојдоа до важни бодови за опстанок во Супер-лигата.

Избраниците на Горан Кузманоски на домашен терен славеа со 31-28 и дојдоа до шестата победа во плеј-аутот. Домашниот состав целата работа ја заврши во првото полувреме, по кое имаше предност од пет гола 17-12.

Прилеп со трите бода се зацврсти на втората позиција на табелата веднаш зад екипата на Тиквеш.

Кавадарчани пак беа подобри од  Астраион на гости со 18:37. После 30 минути игра веќе беше решен победникот, Тиквеш имаше двоцифрени 9-19.

По овој дуел кавадарчани со 21 бод останаа лидери, зад нив е Прилеп со три бода помалку.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk