logo
logo
logo

Вавринка елиминиран во второто коло на Австралија опен

Vecer | 10.02.2021

Вавринка елиминиран во второто коло на Австралија опен

Унгарецот Фучович е сензацијата на стартот на Австралија Опен. Тој го елиминираше Стан Вавринка со 3-2 по сетови (7:5, 6:1, 4:6, 2:6, 7:6).

Двајцата тенисери одиграа одличен натпревар. Вавринка долго време е надвор од формата која го направи трикратен Грен слем победник, што најдобро можеше да се види на дуелот против Унгарецот, кој ги доби првите два сета, вториот без проблем. Вавринка се врати во следните два, но во одлучувачкиот сет не ја искористи шансата, воедеше со 8-4, беше на чекор до пласман во третото коло, но противникот со пресврт успеа да слави голема победа со 11-9.

На женскиот дел од турнирот, Серена Вилијамс беше подобра од Србинката, Нина Стојановиќ со 2-0 во сетови (6-3, 6-0), а Гарбиње Мугуруза ја елиминира Русинката Самсонова со 6-3, 6-1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk