logo
logo
logo

Васоски утре излегува од изолација и се приклучува на тренинзите на “пандевци“

Vecer | 22.03.2021

Васоски утре излегува од изолација и се приклучува на тренинзите на “пандевци“

Добри вести за сите во таборот на Академија Пандев. Утре, по десетдневна изолација, на екипата и се приклучува шефот на стручниот штаб Александар Васоски. Да потсетиме дека пред 10 дена, непосредно пред дуелот со Работнички тој беше позитивен на тестот на Ковид-19, па така место него одговорен за тимот беше неговиот помошник Раденко Бојовиќ.

Интересно, и без него “пандевци“ на последните два меча, со Работнички и Струга Трим Лум освоија максимални шест бода и сега се во помирната зона на прволигашката табела.

Утре излегувам од изолација. Добро се чувствувам и се надевам дека така ќе биде и во иднина. И без мене екипата и моите соработници одлично си ја завршија работата. Два меча, две победи и освоени максимални шест бода. Јас сум горд на овие момци, така треба да се игра кога е најпотребно. Сега не очекуваат напорни тренинзи, целта е да ја искористиме максимално оваа пауза поради настапите на нашите репрезентации, а во текот на викендот ќе се обидеме да најдеме адекватен спаринг партнер со цел да одиграме пријателска“ изјави за СПОРТМЕДИА, Александар Васоски.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk