logo
logo
logo

Васоски, тренерот на “пандевци“: И на Работнички ќе му биде тешко со нас!

Vecer | 12.03.2021

Васоски, тренерот на “пандевци“: И на Работнички ќе му биде тешко со нас!

Академија Пандев во првите четири кола во пролетниот дел резултатски не мина како што очекуваше. Имено од можни 12 бодови, тимот на Александар Васоски освои само 5 бодови, и не успеа да се помрдне од тоа претпоследно место на табелата.

Тоа значи дека во тие 11 кола од третиот круг во сезоната на тимот од Струмица ќе му биде пеколно тешко, а пеколно тешко ќе му биде и утре, на гостувањето кај разгоропадениот Работнички.

Тренерот на “пандевци“ е свесен што се бара од него и од неговата екипа на утрешниот меч.

Искрено и јас не сум задоволен од тоа колку бодови освоивме. Играчки не бевме лоши. Она што беше на првиот меч со Работнички не сакам да го коментирам, и само штом фативме залет по дуелите со Шкупи и Македонија ЃП, дојде тој кикс со Беласица. Катастрофалниот терен на стадионот “Благој Истатов“ не ни дозволи да ја одиграме нашата игра. Треба да се каже дека имавме и големи пехови со повредите. Еве добра вест е што за утре во тимот се враќа Манев, додека Шаркоски и Маркоски се уште се ровити. Одамна се знае дека Димов не може уште долго, долго да биде во тимот. Знаеме утре каде гостуваме, Работнички во пролетниот дел се покажа во добро светло. Тоа ќе биде меч меѓу две квалитетни екипи. Ако нам ќе ни биде тешко со Работнички, тогаш и на домашниот тим ќе му биде тешко со нас. Верувајте дека јас сакам вакви дерби мечеви, тие за нас тренерите се голем предизвик. Верувам во оваа екипа и сметам дека можеме да дојдеме до резултат кој за нас би бил добар“ вели Васоски пред утрешното гостување кај Работнички.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk