logo
logo
logo

Васоски: Горд сум на момците, секогаш е тешко да се победи во Ѓорче!

Vecer | 03.04.2021

Васоски: Горд сум на момците, секогаш е тешко да се победи во Ѓорче!

Академија Пандев попладнево со 2:1 успеа да ја победи Македонија ЃП на нејзин терен, во Ѓорче. Голема победа, големи три бода за „пандевци“. Секако дека по мечот стратегот на струмичани, Александар Васоски беше задоволен.

Да, апсолутно сум задоволен. Освоивме екстра знајачни три бода, сега полека, но сигурно влегуваме во безбедната зона. Тоа што го најавив пред стартот на пролетниот дел и се остварува. Јас сум горд на момците, да се слави победа кај третопласираната екипа на табелата секако дека не е мала работа, напротив. Секогаш е тешко да се победи во Ѓорче. Имам само мала замерка што по 2:0 не постигнавме уште еден гол, што не успеавме да го задржиме високиот ритам и што му дозволивме на домашниот тим му дадовме волја за живот што се вели. Сепак, најважни се трите бода, најважна е победата“ изјави Васоски за СПОРТМЕДИА.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk