logo
logo
logo

Васоски: Двата дена одмор играчите ги минаа на аеродромот во Истанбул!

Vecer | 05.02.2021

Васоски: Двата дена одмор играчите ги минаа на аеродромот во Истанбул!

Од синоќа експедицијата на Академија Пандев, која што беше на подготовки во Анталија, е дома, во Струмица. Малите непријатности со маглата во Истанбул доведе до тоа да речиси два дена “пандевци“ да бидат на аеродромот во тој град.

Но сега се е во ред. За денеска тренерот Алексансдар Васоски им закажа и тренинг.

Секако дека беше планирано играчите да добијат одмор од два дена по враќањето од Анталија, но ние тие два дена ги искористивме на аеродромот во Истанбул“ малку во шега вели за СПОРТМЕДИА стратегот на Академија Пандев.

Инаку тој посочи дека е презадоволен од тоа како се работеше во Анталија.

Да, апсолутно сум презадоволен. Дечките покажаа максимална професионалност, знаат дека ги чека напорна пролет и затоа работеа максимално. Одигравме и неколку пријателски мечеви, секако дека резултатите беа во втор план, ме радува тоа што имаме игра, што сакаме да наметнеме игра со која ние ќе доминираме. Факт е дека постигнуваме малку голови, на тоа ќе треба да обрнеме поголемо внимание во следните неколку дена. Мислам дека напролет Академија Пандев ќе биде успешна приказна, а не се сомневам дека првиот меч од пролетната полусезона и тоа со Работнички ќе го дочекаме подготвени во целост. Исто ме радува што новаците се покажаа засега во одлично издание, а јас инсистирам на поголема дисциплина во играта. Нешто слично како што тоа го правев во Вардар. Да кажам дека во недела не чека “генералката“ со Плачковица, која најверојатно ќе се игра 4х30 минути. Да кажам и тоа дека освен Кире Маркоски кој се жали на помала повреда, сите останати се во добра форма“изјави Васоски за СПОРТМЕДИА.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk