logo
logo
logo

Василев пред „Челенџерот“: Да се прикажеме во добро светло

Vecer | 03.08.2021

Василев пред „Челенџерот“: Да се прикажеме во добро светло

Од денеска, па се до крајот на оваа седмица, следува главниот дел за нашата машка селекција „Под 18“ години, ФИБА „Челенџерот“ во Скопје.

И групата „А“ во која Македонија ја чекаат противници, од самиот врв на европската и светската кошарка, како Србија, Шпанија, Хрватска, плус Германија и Грузија.

Кои се очекувањата на предводникот на оваа наша репрезентативна селекција Никола Василев, во пресрет на почетокот на „Челенџерот“ во Скопје?

„Очекувањата се да се прикажеме во добро светло. Тоа не е алиби туку тоа е цел која сакаме да ја оствариме. Нормално трениравме и се подготвувавме за овие натпревари на кои сакаме да оствариме позитивен резултат. И за тоа ќе дадеме сè од себе“– вели Василев.

Селекторот на јуниорската репрезентација смета дека поважно од самиот резултат на собирот во Скопје е „подготовката“ на овие млади играчи за сениорско ниво на кошарка.

„Но поважно од некој резултатски императив е да ги подготвиме овие млади играчи за во иднина да бидат лидери во сениорска кошарка. Овие генерации имаат талент, во оваа селекција има материјал, но потребно е и продолжување на добрата работа со нив“.

Околу противниците на овој турнир, Василев рече:

„Ќе играме против репрезентации како Хрватска, Србија и Шпанија кои секогаш спаѓаат во ТОП 5 репрезентациите во светот, и сметам дека овој турнир ќе биде огромно искуство за сите нас“.

МАКЕДОНИЈА НА „ЧЕЛЕНЏЕРОТ“ У-18 ВО СКОПЈЕ

6 Марин Петков

7 Резарт Мемед

8 Димитар Иванов

9 Теон Богатиновски

10 Филип Наков

11 Андреј Митревски

12 Амар Хот

13 Мирослав Ѓорѓевиќ

14 Тома Стојановски

15 Горазд Величковски

16 Павел Атанасов

17 Никола Василевски

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

3. АВГУСТ – 21.00: Македонија – Хрватска

4. АВГУСТ – 21.00: Македонија – Грузија

5.АВГУСТ – 21.00: Македонија – Шпанија

6. АВГУСТ – СЛОБОДЕН ДЕН

7.АВГУСТ – 21.00: Македонија – Србија

8. АВГУСТ – 21.00: Македонија – Германија


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk