logo
logo
logo

Вардаровиот терор продолжува, без милост и кон Струга

Vecer | 11.04.2021

Вардаровиот терор продолжува, без милост и кон Струга

ФОТО: Denis Dukovski / РК Вардар1961

Вардар 1961 продолжува со убедливите партии на домашна сцена. По елиминацијата во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ целосно се вртат кон двете титули во мак-првенство, како и СЕХА-лига.

Избраниците на Стевче Алушевски на нанижија петата победа во низа, максимално ја оправдаа фаворитската улога против Струга, славеа со убедливи 36-22 (20-10). Во составот ги немаше Иван Чупиќ, Ловро Јотиќ, Робин Кантегрел и Васко Шеваљевиќ. Шанса добија помладите ракометари, но тоа не беше пречка за нова победа.

По првото полувреме, Вардар 1961 поведе со плус 10 (20-10), а отвори со серија од 14-2. Гостите имаа проблем за да дојдат до голот на противникот. До крајот беше чиста формалност.

Димитриоски, Векиќ и Атанасовски со по седум гола беа први стрелци, кај гостите Симоноски запиша шест гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk