Македонскиот шампион атакува на титулата во ЛШ

Вардарки во новата сезона влегува со стари амбиции!

И оваа сезона главна цел на вардарки е титулата во Лигата на шампионите, откако минатата стигнаа до финалето каде загубија од унгарскиот шампион Ѓер. Првиот натпревар го играат во петок (19 ч) на домашен терн против Ференварош, кој лани си замина со бод од Скопје

Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар, во петок (19 ч.) на домашен терен во СЦ "Јане Снадански" ќе го одиграат првиот натпревар од новата (петта сезона) во Лигата на шампионите. Прв противник на избраничките на тренерот Ирина Дибирова е унгарскиот ФТЦ – Будимпешта, тим кој на стартото од минатата сезона си замина со бод од Скопје.

И оваа сезона главна цел на вардарки е титулата во Лигата на шампионите, откако минатата стигнаа до финалето каде загубија од унгарскиот шампион Ѓер.

Абициите и оваа сезона ни се големи и се надевам дека ќе успееме да ја освоиме тиулата. И покрај тоа што од тимот си заминаа неколку играчи, ние во летниот преоден рок донесовме адекватни замени, но и потпишавме договор со неколку македонски ракометарки. Планот е во иднина да се ангажираат и играчи од нашиот млад кадар, кои ќе собираат искуство преку натпреварите во елитното натпреварување, изјави претседателката на клубот Гордана Нацева.

Тренерот Ирина Дибирова во новата сезона ќе има помош од Роберто Гарсија Парондо, кој воедно е големо засилување за новата сезона.

Никогаш немаме доволно време, но од тоа што досега го сработивме, можам да кажам дека е добар експерт и работи исто како Раул Гонзалез. Верувам дека ќе донесе добри резултати . Што се однесува до првиот натпревар со ФТЦ, добро е што играме дома. Тоа е добра екипа, која игра брз ракомет, еден од фаворитите за Ф4-турнирот во Будимпешта. Минатата сезона загубивме бод на почетокот, затоа мора да дадеме сè од себе за да ги израдуваме нашите навивачи, изјави Дибирова.

Освен против Ференварош, македонскиот шампион во групната фаза ќе ги одмерат силите и со добро познатите противници Ларвик од Норвешка и Турингер од Германија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари