logo
logo
logo

Вардар преку Е. Пелистер до 14-та во Купот на Македонија

Vecer | 15.05.2021

Вардар преку Е. Пелистер до 14-та во Купот на Македонија

ФОТО: РК Вардар/ Денис Дуковски

И втората пресметка меѓу Вардар и Е. Пелистер оваа сезона заврши со победа на скопскиот состав. Овој пат залогот беше пехарот во Купот на Македонија.

“Црвено-црните” славеа со 26-24 и дојдоа до 14 трофеј во ова натпреварување.

Чупиќ со седум гола беше прв стрелец, Дисингер постигна шест, додека Јотиќ четири. На другата страна Танкоски и Периќ имаа по шест.

Вардар отвори со 5-1, битолчани единствениот погодок во првите осум го постигнаа од седум метри преку Периќ. Две исклучувања едно по друго кај скопскиот тим беа доволни за да се разбудат, на момент ракометарите на Е. Пелистер. Периќ и Велковски намалија на 5-3, беше и 6-4, но тука застанаа. Со нови четири гола, Вардар во- 17 минута имаше највисоки 10-4 и 11-5.

Битолчани еднаш дојдоа на минус три (13-10), но застанаа. На одморот избраниците на Стевче Алушовски ги имаа највисоките плус шест (16-10).

Не се промени ништо во првите осум минути по паузата, Вардар беше на позитива од пет до шест гола (17-11 и 18-13).

Е. Пелистер конечно успеа да се врати во мечот, со серија од 4-1, благодарение на Танкоски се доближи на 19-17 на средината на првото полувреме.

Беше жешко во последните десет минути, се играше остро, никој не се штедеше.

Периќ со шестиот погодок намали на 22-20 во 54. минута, ставајќи го Вардар на тест.

Драмата почна по голот на Маџовски за 24-23 на две минути до крајот. Дибиров од тешка позиција погоди и ја потврди победата на својот тим.

Битолчани беа ослабени, поради повреда на грбот не настапи Стипе Мандалиниќ. Мечот не го одиграа Мараш и Дисингер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk