logo
logo
logo

Вардар отпатува во Данска, каде утре го чека пресметка со силниот Алборг!

Vecer | 19.10.2021

Вардар отпатува во Данска, каде утре го чека пресметка со силниот Алборг!

РК Вардар 1961, македонскиот шампион и некогашен двократен европски првак, попладнево отпатува во Данска, каде утре го чека дуел со силниот состав на Алборг. Во добра атмосфера, со позитивни мисли, момците на стратегот Веселин Вујовиќ отпатуваа каде што на мечот со Алборг веруваат дека ќе го дадат својот максимум и дека ќе извлечат добар резултат.

Да потсетиме, во Скопје вардарци го победија утрешниот ривал со 30-28, но сега ќе биде пеколно тешко, сепак не и невозможно кога станува збор за Вардар 1961.

Утрешниот меч во Алборг започнува во 18:45 часот, пренос како и вообичаено ќе има на ТВ Арена спорт, а фановите на Вардар се во надеж дека нивните миленици ќе одиграат како што знаат во овој меч од 5.коло во А групата во Лигата на Шампионите.

Да кажеме и тоа дека во Вардар, како што најави самиот Вујовиќ ќе недостига Борко Ристовски, кој имал здравствени проблеми.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk