РК Вардар предмалку излезе со официјално соопштение, околу новонастанатата ситуација и престојот во Португалија, каде што тимот вчеравечер го играше мечот од лигата на шампионите против тимот на Порто.

 

„Поради проблеми со летот на релација Порто – Франкфурт, екипата на Вардар 1961 остана во Португалија и ги пропушти врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по дуелот од ЕХФ лигата на шампионите. Наместо вечерва, екипата би требало утре да тргне од Порто и преку друга конекција да стигне до Скопје.

Нашите ракометари денеска не успеале да заминат со авионот од Порто, откако службениците од авиокомпанијата со која требало да летаат ги информирале нашите претставници дека поради новите Ковид правила што се воведени во Германија доколку заминат за Франкфурт ќе мора да бидат во карантин. Дури и ако се работи за транзитирање и не се напушта аеродромската зграда.
Екипата ги имаше сите подребни документи за патување, а пред заминувањето од Португалија биле направени и ПСР тестови со цел да има не постари од 48 часа. Но, и покрај сите потребни документи од авиокомпанијата и нивните службеници на шалтерот за пријавување не добиле дозвола да се качат на авион и да заминат за Франкфурт.

За проблемите во Порто со авионските врски информирани се и во ЕХФ, и заедно се бара начин екипата што побрзо да се врати во Скопје и да се подготвува за следните дуели со ПСЖ и со Флензбург“ – се вели во сопштението на РК Вардар. 

 

sportmedia.mk