logo
logo
logo

Вардар нема намера да застане, Т.Пролет и Бутел во битка за Скопје

Vecer | 11.04.2021

Вардар нема намера да застане, Т.Пролет и Бутел во битка за Скопје

Денеска продолжуваат мечевите од петото коло во плеј-офот во Супер-лигата. Вардар 1961 на сметка на Струга треба да дојде до нова победа за продолжување на доминацијата, дуелот се игра во 13 часот.

На останатите две средби се очекува интересни пресмерки. Е.Пелистер 2 е домаќин на Охрид. По триумфот над Металург, охриѓани се на третото место на табелата, додека пак битолчани и натаму немаат победа, тие се последни во ова друштво. Сепак избраниците на Александар Јовиќ покажаа дека се незгоден ривал, па нема да биде за чудење ако дојдат до бод на оваа средба.

Во центарот на вниманието е скопската пресметка. Т.Пролет е домаќин на Бутел Скопје. Ова е дерби на табелата. Ракометарите на Т.Пролет во минатото коло беа демолирани од Е.Пелистер, па ќе бараат рехабилитација, но со своите планови ќе влезат и „бутелци“. Оваа средба е закажана во 17:30 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk