logo
logo
logo

Вардар не смее во Германија, и остана во Португалија

Vecer | 05.02.2021

Вардар не смее во Германија, и остана во Португалија

Ракоментиот клуб Вардар вчера загуби од Порто на гостувањето во Португалија во рамките од Лигата на шампионите, но тоа во моментов е најмал проблем за нашиот претставник.

Имено, релацијата за кам бек во Македонија е преку Германија односно Франкфурт, но германските власти имаат протокол според кој секој кој ја посетил црвената зона за коронавирус, а Португалија спаѓа токму во таа ќе мора да одлежи четиринаесет дневен карантин.

Во таборот на Вардар не биле информирани за оваа одлука на Германците при заминувањето, па сега се бара алтернативно решение, како ракометарите да се вратат дома.

Секако првично ќе биде промена на билетите и лет конекција надвор од Германија, а се чека секако да има и официјална информација и од клубот.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk