logo
logo
logo

Вардар на рехабилитација во Радовиш, дерби во Скопје и во Охрид

Vecer | 04.12.2021

Вардар на рехабилитација во Радовиш, дерби во Скопје и во Охрид

Денеска ќе биде комплетирано 13. коло во Супер-лигата, на програмата се четири натпревари.

Вардар 1961 по поразот во Лигата на шампиони од Кил ќе бара враќање на победничкиот дух во домашниот шампионат. Избраниците на Веселин Вујовиќ имаат полесна задача, му гостуваат на Радовиш, тимот кој се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Во истиот термин (18 часот), Пролет по поразот од Металург ќе се рехабилитира против незгодниот Скопје. Дебитантот во Супер-лигата одигра добри мечеви против фавортите, но во 13. коло влегува без победа.

Дерби мечевите се закажани за час подоцна, во Охрид гостува Струга, додека пак во Скопје, Бутел е домаќин на Е.Пелистер.

„Бутелци“ и Е.Пелистер 2 се борат за третото место на табелата, кое во моментов му припаѓа на домаќинот, има 27 бода, четири повеќе од вториот битолски тим.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk