logo
logo
logo

Вардар на денешен ден ја покори Европа, во „вулканот“ го чека 14. пехар

Vecer | 02.06.2021

Вардар на денешен ден ја покори Европа, во „вулканот“ го чека 14. пехар

Вардар 1961 денеска (19 часот) игра меч за титулата во домашниот шампионат. Во плеј-офот на програмата е последното коло, „црвено-црните“ се домаќини на Металург, по поразот во Битола немаат право на грешка, мора да запишат победа доколку сакаат да го подигнат 14. трофеј.

Имаат многу мотиви за да го завршат овој меч во своја корист, еден од нив е јубилејот од втората титулата во Лигата на шампиони. Токму на денешен ден, во 2019 година, Вардар во Келн го совлада Веспрем и по вторпат се искачи на тронот во Европа. Ова беше година во која се чинеше пехарот беше невозможен, но момците од втората златна генерација на неверојатен начин прво ја суредија Барселона, а потоа лесно го решија и унгарскиот првак.

Дали навистина ќе успее јубилејот да го прослави со пехар, ќе одлучи Металург, кој пак секогаш е посебно мотивиран кога станува збор за градските пресмеките.

На останатите средби, Е.Пелистер во Битола ќе чека кикс на Вардар, гостува Охрид. Струга го пречекува Пролет, додека Бутел е домаќин на Е.Пелистер 2, сите средби се играат со почеток во 19 часот.

ФОТО: РК ВАРДАР


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk