logo
logo
logo

Вардар му се одмазди на Мотор

Vecer | 19.03.2021

Вардар му се одмазди на Мотор

ФОТО: Денис Дуковски

Вардар 1961 им се врати на победите, на домашен терен го совлада Мотор со 32-27 во рамките на четвртото коло и му се реваншира за поразот на гостински терен. Ова беше трети триумф оваа сезона, доаѓа по серијата од два порази во низа во регионалното натпреварување.

Анте Гаџа со осум гола беше прв стрелец, зад него беа Тимур Дибиров и Гоце Георгиевски со по шест погодоци.

Македонскиот тим доминираше во текот на целиот меч, гостите од Запорожје само еднаш поведоа, на почетокот со 1-2. Избраниците на Стевче Алушовски одржуваа предност од три до четири гола, пред крајот на првото полувреме со серија од 4-0, поведоа со највисоки 18-12, Морот на одморот намали на 18-13. Одбраната во овој дел функционираше многу подобро од претходните дуели.

Во 44. минута, гостите со серија од 3-0 намалија на 25-22, ова беше период во кој Вардар играше „седум на шест“, па прими лесни голови. Сепак водството на „црвено-црните“ не беше загрозено, не доволија пресврт, во 54. минута беше 31-24. Мотор не се врати, бодовите заслужено останаа во Скопје.

До крајот на групната фаза останува уште еден меч против Војводина.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk