logo
logo
logo

Вардар лани шампион, оваа сезона испадна во Втора лига, Ренова и Силекс најблиску до бараж за опстанок!

Vecer | 09.05.2021

Вардар лани шампион, оваа сезона испадна во Втора лига, Ренова и Силекс најблиску до бараж за опстанок!

Готово е. Нема веќе теории, нема веќе математики, нема веќе никакви шанси. Од денеска Вардар и официјално е второлигаш. И тоа се случи. Вардарци во минатата сезона беа шампиони, а во оваа испаднаа од ПМФЛ.

Она што можеше да се очекува уште на стартот на пролетниот дел, еве денеска и се оствари. Вардар попладнево загуби од Струга Трим Лум во Струга и со тоа стави “печат“ на испаѓањето во понизок ранг.

Секако дека ова е голем удар за сите вардарци, ова е голем удар за кој оној кој навива за Вардар. Но тоа е тоа, на Вардар едноставно не му се даде шанса да се спаси.

По ова коло и дефинитивно се знае дека Беласица и Вардар во следната сезона ќе играат во Втората лига, додека Ренова, Силекс и А. Пандев ќе стравуваат и во последното коло да не одат во баражот за опстанок. “Пандевци“ се во најдобра позиција, играат дома со Борец и им треба победа за избегнување на баражот.

Колку за потсетување, Вардар, Силекс и Ренова заедно “тежат“ 15 титули шампион на Македонија.

Но, ова се некои нови времиња, кои очигледно е дека не признаваат некогашни шампиони.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk